Ние сме ТЕХНОКАРТ
ТЕХНОКАРТ е компанија која датира од 1991 година со свое седиште и магацински простор во Скопје. Компанијата има водечка позиција во трговијата со хартија за печатење од секаков тип.
Зад името на компанијата стојат реномирани светски брендови со кои имаме долгогодишно искуство и соработка. На овој начин ја постигнуваме нашата водечка цел да им обезбедиме на нашите клиенти во секое време широка палета на производи од највисок квалитет.
Тимот на Технокарт го сочинуваат професионалци во оваа област кои секогаш се стремат да ги пратат сите нови трендови и иновации во светот на хартијата и печатењето.
